Меѓународна сценаММА

Израел Адесања го откажа УФЦ во Белата куќа: Ќе го гледам од дома

Израел Адесања изјави дека нема интерес за претстојниот настан УФЦ Фриодм 250, кој ќе се одржи на 14 јуни во Белата куќа.

Гала вечерта ќе биде предводена од борбата за обединување во лесна категорија меѓу Илија Топурија и Џастин Гејџи, додека коглавната борба го вклучува Алекс Переира во борбата против Сирил Гане за привремената титула во тешка категорија. Картата вклучува и имиња како Шон О’Мели и Мајкл Чендлер.

Сепак, Адесања категорично негираше учество или дури и присуство на настанот.

„Бев заинтересиран порано бидејќи светот беше поинаков. Но сега, во сегашните околности, тоа не е нешто што ме возбудува. Дури и нема да го гледам таму – ќе го гледам од дома во Нов Зеланд“, изјави тој за Комплкес њуз.

Поранешниот шампион се враќа по повеќе од една година отсуство и ќе се соочи со Џо Пајфер во главната борба на УФЦ Фајт најт 271 во Сиетл, каде што ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази и да се врати во борбата за првото место.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON