Шампион најуспешен македонски клуб на Меѓународниот кик бокс куп „Трофеј на Белград“ (ФОТО)

Кик бокс клубот Шампион од Скопје со освоени 11 медали – 8 златни, 2 сребрени и 1 бронзен е најуспешен македонски клуб на Меѓународниот кик бокс куп „Трофеј на Белград“ кој се одржа од 23 до 25 во Бeлград, Србија.

Успехот е постигнат во конкуренција на 269 натпреварувачи од 53 клубови од 5 земји.

Истовремено, Бобан Илиоски од Шампион е прогласен за најдобар борец на ринг на турнирот и се закити со златен пехар.

Постигнати резултати:

Бобан Илиовски – 86 кг лоу кик – сениор – златен медал

Марко Тодоров – 63,5 кг лоу кик – сениор – златен медал

Викторија Варадинова – 65 кг фул контакт – сениор – златен медал

Миа Тодорова – 70кг фул контакт – јуниор – златен медал

Петар Мијовски – 71 кг лоу кик – постар јуниор – златен медал

Дамјан Зафировски – 75 кг лоу кик – постар јуниор – златен медал

Иван Кукуновски – 42 кг кик лајт – помлад кадет – златен медал

Туркер Исмаил – 42 кик лајт – постар кадет – златен медал

Енсар Исеин – 86 кг лоу кик – постар јуниор – сребрен медал

Стефан Каевски – 63,5 кг кик лајт – сениор – сребрен медал

Миа Тодорова – 70 кг лоу кик – постар јуниор – бронзен медал

Слаѓан Димиќ – 84 кг кик лајт – сениор

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО