Додевски славеше против Стоиљковиќ на ГФЦ 7 во Врање

Игор Додевски од Нинџицу клубот Битола вчера славеше против српскиот борец Милан Стоиљковиќ на Гладијаторс фајт чемпионшип 7 (ГФЦ) во Врање, Србија.

„Очекувавме дека ќе имаме тврд и доста добар противник кој работи одлично БЏЏ и кик бокс, повеќекратен српски првак во повеќе дисциплини, така и беше. Доминација во три рунди на нашиот борец Игор Додевски, а нашето борење и физичка спремност беа едни од главните насоки по кои требаше да се бори нашиот борец и сето тоа го демонстрираше одлично во трите рунди со супер доминација и доста надмудрување во партер“, истакнува тренерот Сашко Мирчевски и додава:

„На крај на трета рунда имавме доста сериозна позиција триаголник од маунт позоиција и недостигаа секунди пред да заврши борбата да се предаде противникот по серијата одлични удари на Додевски.Трите рунди за нас со одлична доминација. Се враќаме без гребнатинки и повреди и веќе утре продолжуваме на отворено со подготовките за следни борби и спортски активности“.

Мирчевски највува наскоро нови регионални натпревари и ако се биде во ред и учество на Европското џиу џицу првенство во Израел ова лето.

Инаку, Милан Стоиљковиќ е носител лилајков БЏЏ појас, првак во К1 и во ММА на Србија, како и во БЏЏ и во граплинг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО