Митровски: Извонреден резултат на „Трофеј на Белград“ во услови на дискриминација, отворети ги салите – тие се здравје! (ФОТО)

Во услови на селективни рестриктивни мерки поради корона пандемијата и забрана за одрзување на тренинзи во индивидуалните спортови во кои припаѓа и кикбоксот, македонските кикбокс борци прикажаа извонредни резултати и борбеност во ринг и татами дисциплините на Меѓународниот кикбокс турнир „Трофеј на Белград” кој се одржа викендов во Србија, вели претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Макеоднија и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски-Урко.

На овој меѓународен кикбокс куп учествуваа 274 натпреварувачи од 53 клубови од 5 земји:

„Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Молдавија и истиот беше можност за контрола на подготвеноста на нашиот национален тим за учество на претстојните официјални светски и европски првенства“, нагласува Митровски.

Да потсетиме, македонски кикбоксери се закитија со 56 медали – 16 златни,17 сребрени и 23 бронзени.

Од Македонските клубови најуспешен беше Кик бокс клубот Шампион – МАГНУС ТИМ од Скопје со освоени 11 медали – 8 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал. Токму натпреварувачот на овој клуб, Бобан Илиоски, беше прогласен за најдобар борец на ринг, за што доби златен пехар.

 Резултати и пласман на мекедонските кик бокс клубови учесници на овој куп:

  1. Шампион – Скопје: злато-8, сребро-2, бронза-1
  2. Тим Зоран – Струмица: злато-2, сребро-4, бронза-3
  3. Наско тим – Скопје: злато-2, сребро-0, бронза-0
  4. Работнички Адора – Скопје: злато-1, сребро-1, бронза-4
  5. Тетово – Тетово: злато-1, сребро-0, бронза-2
  6. Куманово 2006 – Куманово: злато-1, сребро-0, бронза-0
  7. Гладијатор – Штип: злато-1, сребро-0, бронза-1
  8. Патриот спорт – Крива Паланка: злато-0, сребро-2, бронза-3
  9. Будо – Велес: злато-0, сребро-2, бронза-2
  10. Предатор – Куманово: злато-0, сребро-2, бронза-1
  11. Лидер – Виница: злато-0, сребро-2, бронза-1
  12. Гладијатор – Скопје: злато-0, сребро-1, бронза-3
  13. Ас – Делчево: злато-0, сребро-1, бронза-1
  14. Самурај – Битола : злато-0, сребро-0, бронза-1

„Задоволен сум од нашиот целокупен успех и постигнатите резултати и среќен сум што ја водам оваа успешна и перспективна федерација во која има единство, слога и меѓусебна помош и пожртвуваност на натпреварувачите и тренерите, поради што и успехот е неизбежен“, истакна Дејан Митровски и додаде:

„И покрај потребата од напорен и долг тренажен процес и наша институционална и медиумска иницијатива и барање за олабавување на рестрикциите во индивидуалните спортови. Во моментов се уште се соочуваме со забрана за тренинг и организација на кик бокс натпревари. Немаме објаснување зошто сме дискриминирани и обесправени во однос на колективните и екипните спортови (фудбал, ракомет, косарка, одбојка…) кои непречено тренираат и се натпреваруваат и на национални и на меѓународни натпревари?! Преку работната група за олеснување на мерките во индивидуалните спортови, побаравме разрешница на проблемот и одговор на нашите прашања, но до денеска се уште немаме позитивен исход. Спротивно на нашата состојба, во соседството тренинзите на кик бокс репрезентативците и професионалните спортисти се изведуваат во спортските објекти, а истовремено и непречено се организираат национални и меѓународни натпревари. Особено сакам да истакнам дека – „и покрај тоа што имаме репутација на земја со мал број на натпреварувачи на официјалните европски и светски првенства (за што се виновни финансиите), сепак, нашиот тим е фаворит за освојуванје на злато, особено во ринг-дисциплините и во спортските мемоари сме забележани како земја со двајца светски прваци и земја со освоени многу светски и европски сребрени и бронзени медали”. Моменталната забрана за тренинг ќе рефлектира со можна загуба токму на светски и европски кик бокс и маитаи медали за нашата земја“.

„Сакам да апелирам до надлежните комисии и органи на власта: ОТВОРЕТЕ ГИ САЛИТЕ. Тренингот во услови на пандемија не е привилегија само на колективните спортови! Спортот е здравје и од него има само бенефит“, потенцира Митровски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО