Шампион – карате клуб во подем, на Балканското првенство во Хрватска со шест каратисти

На претстојното Балканско првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) кое ќе се одржи во Риека, Хрватска, од 7 до 9 ноември, од Карате клубот Шампион од Крива Паланка, како дел државната репрезентација, ќе настапат шест натпреварувачи во поединечна и екипна конкуренција и тоа:
1.Михаил Алексовски -кадети борби -70 кг
2.Адријан Симоновски -јуниори борби -76 кг
3.Даријан Николовски -јуниори борби +76 кг
4.Петар Вучевски-јуниори борби +76 кг
5.Теодор Павловски-сениори У-21 борби -84 кг
6.Вукашин Јовановиќ-сениори У-21 борби -67 кг
„Сите шест репрезентативци се добро подготвени и со право можеме да очекуваме добар резулта“, велат од клубот.
Шампион во последните години е во подем, а неодамна на светскиѕте квалификации во Париз за Светското првенство во Каиро, Египет, овој месец, Вукашин Јовановиќ за малку не се пласира, загуби во клучната средба. Претходно извојува три победи. Јуниорот Адријан Симоновски со настапите остава силен впечаток.
Секако сите ја чекаат својата шанса, а токму Балканското е место каде што можат да ги покажат квалитетите и да направат отскок во кариерата.
Македонија на Балканското ќе настапи со 74 каратисти, односно 76 натпреварувачки влезови. На првенството учествуваат 1230 каратисти со 1293 натпреварувачки влезови од 13 држави.



