АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Катерина Ацевска и Данил Николиски ги бранат боите на Македонија на Светското џиу џицу првенство во Тајланд

Македонија ќе настапи со двајца натпреварувачи на Светското првенство во џиу џицу во Банког, Тајланд, кое за сениори е од 2 до 11 ноември, а за У-16, У-18 и У-21 е од 8 до 14 ноември.

Боите на нашата земја ќе ги бранат Катерина Ацевска во сениорска конкуренција и во У-21 Данил Николиски.

Катерина Ацевска ќе се бори во +70 килограми во џиу џицу фајтинг. Ацевска чека противник во четвртфиналето од мечот Меропи Ботони Папаникита (Грција) – Нанита Намангам (Тајланд). Нејзината борба е во среда.

Во сениорска конкуренција има 810 натпреварувачи со 1094 натпреварувачки влезови од 52 држави.

Данил Николиски ќе настапи во У-21 во категоријата до 56 килограмиво џиу џицу фајтинг. Неговиот меч е на 13 ноември.

На СП за У-16, У-18 и У-21 ќе настапат 1399 натпреварувачи со 1865 натпреварувачки влезови од 52 држави.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON