АктуелноБорењеОстанато

Добар настап на Вардар на „Метеора куп“ во Грција, турнирот одбележан со македонско финале

Боречкиот клуб Вардар се претстави добро на вториот ден од силниот Меѓународен турнир „Метеора куп“ во Трикала-Грција.

„Добро се претставија сите наши претставници, а за одбележување беше финалето во категоријата до 86кг, каде се сретнаа двајцата македонски шампиони, Александар Миланов и Редџеп Таири. Во рамноправна и неизвесна борба победата му беше доделена на Таири“, велат од Вардар и додаваат:

„Нашите репрезентативци прикажаа атрактивни зафати и сите присутни со воодушевување го следеа финалето“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON