Шаќир Бислими поведе против фаворитот Курашвили, но загуби на СП, како и Анабела Данилова (ВИДЕО)

Шаќир Бислими настапи на Светското првенство во борење слободен стил во Рим, Италија, за борачи до 17 години. Бислими во категоријата до 82 килограми се сретна со фаворизираниот Сандро Курашвили од Грузија и загуби со 14-4.

Желбата да се направи нешто повеќе го водеше Билисми до наивни грешки. Тој поведе со 4-0 и почна да напаѓа за да дојде што побргу до повеќе поени, но тоа вешто го користеше противникот. Нашиот борач имаше шанси да направи нешто повеќе, но желбата да успее беше неговиот најголем противник, иако покажа дека има вештини.

Сепак, тој е млад борач и со соодветни подготвки би можел да постигне многу повеќе.

Анабела Данилова е поразаена од Украинката Алина Филипович со туш при резултат 2-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО