Јасин Лама стартуваше со ТКО победа во професионалниот бокс (ФОТО)

133

Јасин Лама дебитираше со победа во професионалниот бокс. Тој го совлада Самуил Димитров од Бугарија со прекин во втората рунда на настанот „Најт оф д чемпионс“ во Тетово, а во организација на БК Шкендија но лимит.

Така, Лама ја забележа првата победа, а Димитров го прокнижи 14 пораз, наспроти две победи и 1 нерешна борба.