Шабан Трстена утре ќе ги додели Злaтните олмписки оскари

Утре олимпискиот шампион Шабан Трстена по четврти пат по ќе доделува Златни олимписки оскари за личности и институции кои го подржувале во неговата кариера.

Свеченоста традиционално ќе се одржи во хотелот Александар палас во Скопје со почеток во 12 часот.

Годинава овој настан ќе биде со поинаков протокол, согласно законските одредби во врска со пандемијата на Ковид-19.

Шабан Трстена е роден на 1 јануари 1965 во Скопје. На Олимпијадата во Лос Анџелес 1984 година освои златен медал во категоријата до 52 килограми, додека четири години подоцна на Олимпијадата во Сеул во 1988 години се закити со сребрениот медал. Освен овие одличја, Трстена е освојувач на бронзен медал на Светскиот шампионат во 1982 година. Тој е спортист на Југославија, а прогласен е за Спортист на 20 век во Република Македонија и е добитник на многу други награди. Вкупно, од големите меѓународни натпреварувања, ОИ, СП, ЕП, Медитеранските игри и БП освоил 19 медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО