Хамзат Чимаев го предизвика Нејт Дијаз: Дојди да те испушам

Она што го сакаат УФЦ и Хамзат Чимаев е едно: неговата следна борба ќе биде против некое славно име. Проблемот е во тоа што никој не сака да се бори со него.

Чимаев ги предизвика првите борци во средната и во полусредна категорија, откако минатиот месец го нокаутира Џералд Мершарт за 17 секунди. Последен на кој се сврте беше Нејт Дијаз, кој се потсмеваше на неговиот коментар за битката меѓу Мек Грегор и Пориер.

„Јас не си играм борба. Јас навистина се борам. Затоа, донесете го вашето меко тело во Вегас и ќе ве испушам на 19 декември”, рече Чимаев и додаде: „Вие сте вистински борец, па ајде да го направиме тоа“.

https://www.instagram.com/p/CGA4JkBl4NX/?utm_source=ig_embed

Дијаз спаѓа во критериумите за следниот противник на Чимаев. Но, тој веројатно има и други планови, бидејќи изјави дека има аспирации да се бори за титулата „Најлошо копиле“ со Хорхе Масвидал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО