Шабан Трстена: Дејан шампионе, ти за мене не си сребрен, туку си златно момче и олимписки победник!

„Добро утро спортски шампиони. Олимпиското сребро кое сјае како злато…

Дејан шампионе, ти за мене не си сребрен, туку си златно момче и олимписки победник“, пишува на Фејсбук најмладиот олимпискит шампион од Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена.

„Дадовте се од себе, се бореше со големо срце до последната секунда, како што некогаш се борев и јас со повредена нога во финалето. До последната секунда и во исто време изгубив и победив на Олимписките игри во Сеул 1988 година. Дејан шампионе, ти не отиде на Олимпијада  да ја бараш својата среќа во жрепката, ова е нешто што го велам постојано. На големите шампиони не им е битно само да учествуваат на Олимписките игри, туку одат да победат и да освојат  медал“, вели Трстена и додава:

„Ти, со својот тренер Дарко, ветивте и стигнавте до олимписки медал. Така мислат само големите шампиони“.

Трстена раскажува дека прв пат го видел пред 5-6 години.

„Му реков, ти си млад, ти може да бидеш голем шампион, но само ако го сакаш спортот и да имаш голема волја и самодоверба во себе. Со твојот тренер Дарко да продолжете да тренирате многу напорно, во секој час, ден и ноќ, да бидете добро подготвени за секој противник на светски и на меѓународни турнири.

Еве Дејан, дојде тој ден и денес го напиша твоето име со златни букви во историјата на спортот и на Олимписките игри.

А, Македонија требаше да чека 92 години, мојата покојна златна мајка Садије да ме роди мене за да влезам по втор пат во олимписко финале во Сеул 1988. Исто  така, нашата Македонија требаше да чека 32 години една македонска мајка да се роди еден млад шампион Дејан Георгиевски, за да влезе во олимпиското финале во Токио 2021.

Дејан шампионе, не знам што друго да кажам, ти посакувам уште многу успеси, но треба уште од денеска да почнете да тренирате. Затоа што имаш уште долг пат да поминеш, за да освоиш уште многу медали.

Особено што три години подоцна, те чекаат Олимписките игри во Париз 2024 година. Те чекаат за повторно да блеснеш во финалето и да се качиш таму каде што ти е местото на пиедесталот, како  олимписки шампион. Како мене на оваа слика пред 37 години кога како младо момче се искачив на пиедесталот како олимписки шампион.Ти посакувам и тебе Дејане шампионе, овде да те видам после четири  години, овде, ама најгоре на пиедесталот“, завршува Трстена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО