Сергеј Павлович: Титулата е мојот детски сон

Сергеј Павлович (18-1) го заработи шестиот по ред нокаут во УФЦ.

Тој го нокаутира Кaртис Блејдс (17-4) во нивната борба која беше насловна на настанот на УФЦ минатиот викенд во Лас Вегас. Последен пат некој во УФЦ победи со 6 последователни нокаути беше пред 17 години. Полека, но сигурно рускиот борец се пробива до титулата во тешка категорија.

УФЦ веќе објави дека сака Џон Џонс да ја брани титулата против Стипе Миочиќ. Има доста фанови кои претпочитаат да го гледаат Џонс против Павлович. Џон веќе изјави дека борбата со Миочиќ ќе биде последна во неговата кариера.

Сергеј сонува за злато во тешка категорија и рече дека е подготвен да чека.

„Ќе одморам, ќе јадам, ќе спијам, пак ќе одморам. Да почекаме. Но, јас всушност не чекам никого. Сакам да го освојам шампионскиот појас. Ова е мојот детски сон, работам напорно и одам по него.

Дали сум најопасен во тешка категорија? Ова не е прашање за мене, тоа треба да се постави од вас“, изјави Павлович.

Сергеј има скор од 18-1 во ММА и има пораз само од Алистер Оверем. Тој е поранешен шампион на руската ММА лига ФНГ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 5thRound MMA (@5th_round)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО