Пет медали за Макпетрол на „Златен појас на Чачак“, Стефан Стојановиќ најдобар каратист на турнирот

Карате клубот Макпетрол освои 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени на Меѓународниот турнир ,,Златeн појас на Чачак“ во Србија, а Стефан Стојановиќ со две злата е најдобриот каратист на турнирот.

Медали и високи пласмани освоија следните спортисти:

1.Стефан Стојановиќ сениори +84 кг златен медал

2.Стефан Стојановиќ У21 +84 кг златен медал

3.Витомир Трајковски сениори -84 кг бронзен медал

4.Данило Божовиќ У 21 +84 кг сребрен медал

5.Димитар Лозановски јуниор -75 кг бронзен медал

6.Петар Заборски сениори -75 кг 5 -то место

7.Петар Спасеновски сениори -84 кг 5 -то место

8.Викторија Јовановска сениорки -61 кг , 5-то место

9.Давид Петков сениор -67 кг, 5 -то место

„Златен појас“ е најстар и најмасовен турнир во Европа на кој учествуваа 20 најдобри репрезентации од светот како Франција, Шпанија, Турција, Словачка, Унгарија, и други, со многу светски и европски шампиони, со преку 2000 пријавени спортисти.

Од Карате клубот Макпетрол, земаа учество вкупно 11 спортисти во машка и женска конкуренција, сите настапија во дисциплината борби. Целта била, како што велат од клубот, да се направи уште една контрола во периодизацијата за темпирање на спортската форма на каратистите, пред претстојното Медитеранско првенство кое ќе се одржи во периодот на последната недела од месец мај во Тунис.

„Златниот појас на Чачак успеа да го освои актуелниот светски вице шампион  Стефан Стојановиќ – (Макпетрол), тој е најуспешниот натпреварувач на овој турнир, бидејќи успеа во две возрасни категории да освои два златни медали. Беше прв во категоријата +84 кг во помлади сениори 18-21 год и во сениорска конкуренција. На овој турнир оствари девет последователни победи, стигна до финалето во две возрасни категории и успеа да освои два златни медали.

Веднаш потоа нашиот најдобар младински репрезентативец, исто така актуелен светски вицепрвак, Витомир Трајковски (Макпетрол) овој пат во сениорска конкуренција во категоријата -84 кг, се закити со бронзениот медал. Данило Божовивиќ во У 21 во тешка категорија +84 кг успеа да освои бронзен медал, додека Димитар Лозановски во јуниорска конкуренција во -67 кг е исто така бронзен медалист“, велат од Макпетрол.

„На овој силен натпревар заминавме со вкупно 11 спортисти. Турнирот е најсилен европски турнир во сениорска и младинска конкуренција. Учеството на националните репрезентации од 20 држави само по себе говори, дека имаше извонредно квалитетна и бројна конкуренција. Ние успеавме да освоиме вкупно 5 (пет) медали, и тоа сите во сениорска и во конкуренција на помлади сениори до 21 година. Остваривме исто така четири високи пласмани на 5-то место, директни во борби за медал. Сакам да потенцирам еден податок, успехот во освоени медали можеше да биде многу поголем, сите каратисти од Макпетрол во борбите за медал, кои остварија висок пласман на  петто пласирани, загубија на судиско изјаснување, односно во регуларниот дел од натпреварите не беа поразени, бидејќи резултатите во сите натпревари беа нерешени и за доделување на победа гласаа судиите. Нашата цел ја остваривме во целост, бидејќи направивме извонредна контрола и тоа во директни борби со многукратни светски и европски шампиони. Сите наши репрезентативци кои ќе настапат на претстојното Медитеранско првенство во Тунис, покажаа задоволителна спортска форма, и во оваа спортска периодизација тоа е наша главна цел.

Петар и Бошко Заборски „противници“ во клупското финале во +84 во У-21

Освоени се вкупно 5 медали од кои 2 (два) златни медали, 1 (една) сребрени и 2 (бронзени) медали“, изјави тренерот Петар Заборски.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО