Сергеј Павлович: Чекам достоен противник

Сергеј Павлович изјави дека чека УФЦ да му понуди достоен противник.

31-годишниот Павлович има скор од 18-1 во ММА и е во серија од шест победи со нокаут во првата рунда. На крајот на април оваа година Сергеј стана претендент за титулата откако за 3 минути го нокаутира Кaртис Блејдс.

Павловиќ има 15 победи со нокаут. Единствениот пораз е со нокаут од Алистер Оверем во 2018 година. Сергеј ќе се бореше за титулата доколку Џон Џонс не беше избран во ноември да се бори со Стипе Миочиќ.

Сигурно е дека Павлович ќе се бори за појасот во 2024 година. Има смисла Сергеј да се бори со Том Аспинал, но ќе видиме што ќе одлучи организацијата. Ние чекаме, а чека и Сергеј.

„Направете врева пријатели! Чекам достоен противник!“, напиша Павлович.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavlovich Sergei (@sergei__pavlovich)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavlovich Sergei (@sergei__pavlovich)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON