Сергеј Ковалев ќе ги менува и тренерот и категоријата

Поранешниот шампион во лесно-тешка категорија Сергеј Ковалев (30-2, 26 КО) ќе прави големи промени, откако загуби по втор пат од Андре Ворд.

Ворд (32-0, 16 КО) го победи Ковалев првпат во ноември по контроверзна судиски одлука во Лас Вегас, но во реваншот, кој се одржа пред две недели, го совлада Русинот со прекин во осмата рунда и ги задржа титулите  на ИБФ, ВБА и ИБО во лесно-тешка категорија.

Ковалев сега бара нов тренер. Во последните години го тренираше Џон Дејвид Џексон, но имаа проблеми меѓу себе. Еден од нив настана по пишувањето на Боксинг сцена, во кој се вели дека пред реваншот Џексон водел разговори со Ворд и неговиот тим, за да им се приклучи.

Имаше и некои пораки дека тренерот на Ворд, Вирџил Хантер, е заинтересиран за работа со Ковалев. Овие сценарија го интересираат рускиот борец, но во вистински околности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON