Најлудото од Мајк Тајсон: Му го гризна увото и плати казна од 3 милиони долари (ВИДЕО)

Листата на контроверзни моменти во кариерата и во животот на Мајк Тајсон е голема, ама лесно е да се сети човек на најидиотската и најгрдата глупост која ја има направено во ринг. Тоа се случи на денешен ден пред точно 20 години.

„Железниот Мајк“ губеше во првите две рунди од Ивандер Холифилд и потоа го гризна и му откина дел од увото. Мечот продолжи, а на Тајсон му беа одземени два бода. Што се случи потоа? Па му го гризна и другото уво, но не успеа да му откине дел. Судијата го дисквалификуваше, а потоа Тајсон заработи суспензија од една година и казна од 3 милиони долари.

https://youtu.be/eptl26GXR2U

По минати години тие двајцата мртви ладни муабетеа за овој меч.

Разговорот за тоа кој како ја доживеал борбата и инцидентот е дел од новиот серијал на Фокс спортс 1за животот на Тајсон, кој треба да почне да се емитува од 22 септември.

Во муабетот меѓу двајцата супер-тешкаши Холифилд му признава на Тајсон дека планирал да му се освети со удар меѓу нозе, а поранешниот светски шампион остана зачуден и кога Ивандер му кажа дека тој всушност прво на ситно го гризнал и за другото уво, нешто за што овој 16 години не бил свесен.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО