Сергеј Ковалев: Изгубив 10 милиони бидејќи не бев писмен за бизнис

Трикратниот светски шампион во полутешка категорија Сергеј Ковалев се отвори за финансиските проблеми што ги доживеа во кариерата.

40-годишниот Русин има скор од 35-4-1 во бокс и беше непоразен цели 7 години. Со текот на времето Ковалев почна да води големи борби, а во нив се заработија многу пари. Заработи неколку милиони кои на крајот ги потроши затоа што им веруваше на погрешни луѓе.

На крајот, слепата доверба на Ковалев предизвика загуба од 10 милиони долари.

„Да, изгубив 10 милиони долари. Со мојот успех во рингот почнаа да доаѓаат големи суми пари кои ми се вртеа во главата. Нормално, не бев подготвен за тоа.

Многу млади пријатели почнаа да се вртат околу мене со многу интересни деловни проекти, во кои јас, се разбира, доброволно инвестирав. И на крајот сите не успеаја.

Ова укажува на тоа дека немав финансиска писменост, бидејќи немав време да го направам тоа. Целото време го посветив само на боксот“, изјави Ковалев на социјалните мрежи.

Во последната борба, во мај 2022 година, Сергеј го победи Тервел Пулев со одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО