Сергеј Ковалев и во реваншот доминираше над Жан Паскал (ВИДЕО)

sergej kovalev pascal revans

Синоќа во Монтреал, Канада, Сергеј Ковалев (29-9-1, 26 КО) во реваншот дословно го претепа Жан Паскал (30-4-1, 17 КО).

Битката започна доста претпазливо. Боксерите разменија лесни удари. Ковалев се обидуваше да ја најде најсоодветната дистанца, додека Паскал беше фокусиран на контранападот. На крајот на првата рунда Ковалев го прати Паскал во нокдаун. Од втората рунда па натаму Ковалев ја презема надмоќта и да го диктира темпото во борбата. Во последните секунди на третата рунда имаа здрава размена на удари.

Во петата рунда Сергеј силно го притисна Паскал, но тој на чудесен начин успеа да ги преживее сите напади. Во шестата рунда Русинот претпочиташе да се бори поумерено, но со тоа не му даде шанса на Паскал за победа. Во почетокот на осмата рунда тренерот на Паскал, Фреди Роуч, не му дозволи на неговиот боксер да излезе на рингот.

Kovalev so pojasite

„Ова беше лично, бидејќи Паскал е посебна личност. Спрема сите е непристоен. Не ги почитува борците. Не почитува никого. Сите во Монтреал ми зборуваа да го претепам. Сакав рундите да трајат што подолго за да можам што повеќе да го казнувам. Го сопрев пред осмата рунда. Тој ја го изгуби облог на 50.000 долари. Воопшто не го почитувам, ниту пак некогаш ќе го направам тоа“, рече светски шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во полутешка категорија.

Потоа го нарече шампионот на ВБЦ, Адонис Стивенсон,кукавица, обраќајќи му се со„Адонис Чикенсон“, на што „Супермен“ скокна во рингот, но гужвата брзо се расчисти

https://youtu.be/MZO1cPxn4wo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON