Неверојатно-Каори Ичо од Јапонија по 13 години ја почувстува горчината на поразот или по 189 борби

Kaori ico 13-godini-i-189-mechevi

И тоа се случи-Каори Ичо загуби меч во борење, откако нејзината победничка серија е 189 борби без пораз или 13 години.

Јапонката беше пресилна на сите големи боречки приредби, но нејзината серија заврши денеска на еден турнирот „Голден гран при“ во Краснојарск, Русија, откако беше поразена од Оркон Пуревдорј од Монголија во категоријата до 58 килограми.

Ичо е актуелна олимписка шампионка од Атина, Пекинг и Лондон, а победничката низа и започна во 2003 година. Овој пораз им дава шанса на нејзините ривалки дека можат да дојдат до злато на Олимписките игри во Рио ова лето. Сепак серијата од 189 победи по ред е историски успех.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО