Сензационално: Пулев може да се бори за светската титула со Кличко

Според информации од Украина, поранешниот владетел во тешка категорија 41-годишната легенда, Владимир Кличко (64 – 5, 53 КО) се уште не донел официјална одлука во однос на реваншот со 27-годишниот Ентони Џошуа (19 – 0, 19 КО).

Еди Херн, промоторот на Британецот, веќе почна да бара најприкладно и профитабилно место за повторување на битката. Кличко изгледа ќе ја почека одлуката на ИБФ за задолжителната одбрана на Џошуа против Кубрат Пулев (25 – 1, 13 КО).

Потсетуваме дека Matchroom Boxing испрати официјално барање до ИБФ, со што организацијата е замолена да направи исклучок и да дозволи спроведување на реваншот на Џошуа против Владимир Кличко, без да го лиши од титулата.

Портпаролот на ИБФ рече дека барањето на Џошуа ќе биде разгледано оваа недела за време на тековната конференција на ИБФ. Според информациите, ако одговорот е негативен, а Џошуа биде лишен од појасот на ИБФ, така Кличко може да биде следниот на листата за борба со Пулев и да ја освои титулата во дуел против противник кој лесно го победи порано. Затоа, украинскиот ветеран ќе продолжи да молчи за реваншот, додека не се слушне официјалниот одговор од ИБФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО