Сензационално од Тајсон: Како дете сексуално ме злоставуваа (ВИДЕО)

Пензионираниот боксерски шампион, Мајк Тајсон, има сензационално откритие, како дете бил киднапиран и сексуално злоставуван од страна на некој странец. Тајсон (48 год.) тоа го обелодени денеска во радио емисијата „The Opie and Jimmy Show“.

Majk Tajson so zenskia

„Кога бев мал постар човек ме малтретирраше и сексуално ме злоставуваше. Од постар човек, буквално, бев грабнат од улица и одвлечен од неа. Тоа беше единственото нешто што никогаш порано не сум го видел“, призна Тајсон, кој помина три години во затвор откако во 1992 година беше осуден за силување.

 Тоа на Тајсон му се случило на сеедумгодишна возраст. Подоцна никој не признал дека нешто му се случило.

 „Само подолжив да го живам мојот живот. Не знам дали тоа ме промени, но јас не се срамам да зборувам“, изјави Челичниот Мајк.

 Поранешниот најмлад светски шампион во тешка категорија во ВБЦ, ВБА и ИБФ верзиите  во разговорот го спомна и актерот Робин Вилијамс, кој пред извесно време, во август, се самоуби на 63 години, а тој призна дека тие имале заедничка дилер на дрога .

 

„Го знаев Робин. Се среќававме. Луѓе во таква ситуација, сите се познававме. Откако го сретнав, тој ми рече : „Те чекав“.  И тогаш тој почна да ми зборува за некој од кого купував дога. ..Луѓето се угледуваа на Робин , па во себе се запрашав како тој го знае овој лигав дилер, кого го знам и јас?“

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО