Мики Ивановски: Ќе атакувам на професионална титула

Мики Ивановски минатата недела на Европското првенство во кик бокс за ринговни дисциплини во К-1 во категоријата до 81 килограм го освои тетото место. Тој ја продолжи низата на успеси на македонскиот кик бокс. Во досгашната кариера има 17 победи од 23 професионални борби. И еден куриозитет, на домашен терен има три до четири борби.

Мики Ивановски-Валерио Маси
Мики Ивановски-Валерио Маси

-На Европското првенство има многу силни борци. Конкуренцијата е голема. Секоја држава ги одржува државните шампионати, па потоа доаѓа на ЕП. Така се избираат најдобрите натпреварувачи, а сите држави се поголеми од нас. Тогаш само може да си замислите колку е голема конкуренцијата . Првиот противник ми беше од Турција, Едис Дингил, кој е прв на професионалната ранг листа. Го победив. Потоа налетав на светскиот првак Валерио Маси од Италија. Но, не се исплашив од тој факт. Бев сигурен во себе. Мотивот ми беше поголем, и, воопшто, не се оптоварув со тоа што тој е светски првак,- ова се впечатоците на носителот на бонзен медал од Европското првенство во кик бокс, кое се одржа минатата недела во Билбао, Шпанија.

Што беше пресудно за поразот во полуфиналето од Ласло Чаба од Унгарија, бидејќи имаше водство 3-0?

-Судиите му беа наклонети. Уште кога влегов во рингот, во аголот имаше вода и јас се потргнав понастрана, а тој ми наложи пак да се вратам таму. Кога тој ќе добише силен удар, судијата веднаш ја прекинуваше борбата и го одмораше. Цело време симулираше, демек нешто му е измстено, де заштитната маска де ракавицата. Во првите две рунди бев во водство, но во третата рунда, во последните 20-30 скунди, резултатот се сврте во негова корист. Во третата рунда тој беше издишан, затоа што доби удар во плексусот. Судијата требаше да му брои, но не го направи тоа.

Дали претходните порази на нашите репрезентативци ти беа товар на патот до медалот?

–Да, тоа беше товар, но и мотив за да не има во листата на земји освојувачи на медали од ЕП.

Кој момент ти беше најтежок на првенството?

-Кога изгубив во полуфиналето. Цело време да водиш и да загубиш?! Бев подготвен за 10 борби.

Што беше пресудно за освојувањето на медалот?

-Добро поставените подготовки од страна на тренерот Драган Атанасовски. Неговата програма беше напорна и се состоеше од три фази: тешки физички вежби, издржливост и вежбање на експлозивност, брзина и спарингување.

miki na piedestal

Што може да очекуваме од тебе во иднина?

-Секако, тоа е меморијалниот тунир „Љупчо Недлковски“ во декември. Една работа е јас да бидам прв, а втората е тој да се одржи во родното Делчево. Се надевам понатаму дека борбите ќе бидат во професионална конкуренција и да атакувам на една од титулите. Но, и во 2015 година да станам и европски и светски шампион.

Дали Делчево е град на кик боксот?

-Кик боксот стана атрактивен во мојот роден град откако Маја Витановска стана светски првак (во ВКА, не во ВАКО). Натаму се редеа успесите на кикбоксерите од Делчево. Ангелчо Вучевски е балкански првак, брат ми Борче Ивановски  освојувач на светски купови и балканска титула, па сестрите Кристина и Елена Стојчевски.

Што ќе им порачате на оние кои времето не го трошат на спорт туку на дуги работи?

-Не е лошо да спортуваат, не мора тоа да биде пофесионално. Посебно со кик боксот се акитивираат сите мускули, што претставува најдобар начин за справување со стресните моменти на секојдневното живеење. Не случајно познатите холивудски ѕвезди тренираат кик бокс.

Како е прифатен твојот ангажман во репрезентацијата од страна на твојот претпоставени?

-Вработените во специјалната единица „Тигар“ ми излегуваат во пресрет, а МВР ми овозможува да се јавувам на секој повик на селекторот, како за подготовки така и за натпреварувања. Сепак, во овој момент сакам да му се заблагодарам и на претседателот на клубот „Сан лион“, Орце Тодоровски, кој стои зад мојот успех, почнувајќи од 2011 година.

miki na plaza

За Мики Ивановски

Мики Ивановски (1988) првите чекори во кик боксот ги прави во родното Делчево во КБК „Ас“ кај тренерот Горан Велков. Со заминувањето во Штип, каде што го продолжува со средното образование, неколку години неговата кариера е во мирување. Кон крајот на четврта година повторно се активира, и тоа во КБК Оаза од Штип. Таму се задржува 5-6 месеци, потоа се враќа во Делчево. Од 2007 до 2011 година е во „Ас“.

Неговата кариера е блескава уште од самиот почеток: На Балканското првенство (БП) во Охрид во 2008 година тој станува балкански вицешампион во К-1. Наредната година на меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ има професионаллна борба. Исто така, и на Светскиот куп 2010 во Белград го освојува второто место, а на Европското првенство во Баку, Азарбејџан, бронзениот медал. Претходната година настапува на СП во Вилаж, Австрија. Во 2010 година Ивановски има 15 борби од кои 13 ги решава во своја полза. Или, од 2009 до 2011 година, речиси и да не знае за неуспех, реди само победи, односно на просторот на поранешна Југославија победува на сите купови. Во оваа лепеза на успеси се надоврзува и профи борбата на турнирот „Ноќ на херојот“ во чест на Јохан Тарчуловски. Иако имал голема желба да направи успех на Светското првенство 2011 година во Скопје, сепак, неочекуваниот пораз, го одалечи од медалите.

[symple_box color=”red” text_align=”left” width=”” float=”none”]Во 2011 година го отвора КБК Сан лион во Делчево, од каде што веќе има и државни прваци. Наредната година на БП во Бугарија е втор, а настапува и на ЕП во Турција и меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“. На ЕП во Карпов, Украина, во мај тај е вицешампион. А 2013 година зема учество и на СП во Бразил.[/symple_box]

Александра Неделковска, претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија:

-Тој е упорен. Борец којшто доминира во рингот, со верба да покаже надмоќ над противникот. Кога прима удари знае машки да ги поднесе и да тргне во напад. Издржлив е на повреди, кои вешто ги сокрива од противникот, за потоа храбро да тргне во напад. Одговорен и дисципиниран натпреварувач.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО