Сент Пјер вели дека се враќа и поголем и подобар против Биспинг

Поранешниот шампион на УФЦ, Жорж Сент Пјер, изјави дека ќе биде поголем и подобар кога во ноември ќе се врати во октагонот против шампионот во средна категорија Мајкл Биспинг.

36-годишниот борец од Монтреал се повлече од спортот на 16 ноември 2013 година, кога го совлада Џони Хендрикс со поделена одлука за деветата успешна одбрана на титулата. Сент Пјер изјави дека мора да се оддалечи од центарот на вниманието, бидејќи неговиот живот се претворил во „целосно безумие“ и „е.ана зоолошка градина“.

Четири години подоцна, Сент Пјер (25-2) се среќава со 38-годишниот Биспинг (31-7), а тие ќе го предводат настанот на УФЦ 217 на 4 ноември во Медисон сквер гарден, Њујорк.

Сент Пјер продолжил да тренира за време на неговото отсуство – по вторпат ги кинеше лигаментите, а вели дека е подобар спортист денес отколку што бил пред четири години.

Тој сигурно ќе биде поголем, подготвувајќи се за скок во средна категорија (84 кг). Канаѓанецот сега тежи околу 90 килограми.

„Штом сфатив дека ќе се борам со Биспинг, почнав да се подготвувам, фокусирајќи се 100 отсто. Зедов нутриционист, почнав посебен режим на исхрана и доста ја зголемив мускулната маса. Ме направи да се чувствувам добро“, изјави Сент Пјер.

Сент Пјер, кој има црн појас во карате и бразилско џиу џицу, исто така, и се вратил на своите корени во каратето.

„Никогаш не требаше да го оставам. Мислам дека каратето дава подобар изглед за мојот стил. Исто така работам на различни нешта – копнени напади, клучеви за нога, слични работи“.

Тој исто така работи со познатиот тренер Фреди Роуч, на кого долго му се восхитувал.

„Да го имаш фреди Роуч во својот агол е сон за секој борец. Секогаш беше зафатен во минатото, го тренираше Мани Пакијао кој ќе биде таму (во ноќта на битката) со мене и ќе биде со мене во текот на целиот мој тренинг камп“.

Како за финале, Сент Пјер вети дека ќе биде поагресивен против шампионот во средна категорија Биспинг.

„Биспинг е шампионот. Јас сум предизвикувачот, па ќе мора да бидам доста поагресивен од него“, заврши Сент Пјер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО