Сент Пјер: ММА денеска повеќе е како кечерството

Жорж Сент Пјер се врати во октагонот и успеа да му одземе титулата на Мајкл Биспинг на УФЦ 217. Во неодамнешно интервју ги споделува импресиите од УФЦ по речиси 4-годишната пауза.

„Спортот е променет. Сега повеќе личи на кечерство. Просто да не веруваш. Не беше така, кога се повлеков пред неколку години. Сега е некаква лудост. Да не зборуваме дека противниците постојано ме плукаат пред средбата. Ситуацијата неоспорно е различна“.

„Навивачите се луди, интересот е поголем од кога и да е, ми се допаѓа„.

Незибежна е приказната за борбата меѓу ЖСП и Конор Мек Грегор, но поранешниот првак во велтер категорија и актуелен првак во средна рече дека му незгодно да предизвика противник помал од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО