Сент Пјер ќе се бори со Роби Витакер

Канадската ММА ѕвезда, Жорж Сент Пјер, направи феноменално враќање во октагонот по драматичната победа за титулата на УФЦ од средната категорија против Мајкл Биспинг (Англија).

Веднаш по мечот, шефот на УФЦ, Дана Вајт, го најави следниот противник на Сент Пјер.

„Тој Беше многу добар“, изјави шефот и додаде: „Дури и Мухамед Али не беше толку добар по толку големо отсуство, а малкумина се оние кои може да се вратат на сличен начин“. Неговата следна средба ќе биде со Роберт Витакер.

Повторно да се бори со канадскиот борец изрази готовност и Мајкл Бисинг, но веројатно ќе мора да почека.

https://youtu.be/Vlf3Q1yU0S4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО