Сент Пјер: Камру Усман е број 1 во моментов

Големата легенда на ММА, Жорж Сент Пјер, откри дека Камару Усман е број 1 во моментот. „Раш“ го пофали својот колега во полусредна категорија и рече дека е меѓу најдобрите во моментов, и активно се бори во октагонот.

УФЦ го постави Џон Џонс на врвот на ранг-листата П4П, но за Сент Пјер, Усман треба да биде на врвот. Камару веќе двапати ја бранеше титулата оваа година со победи над Жилберт Барнс и Хорхе Масвидал. Сега Усман се подготвува за друга одбрана, а УФЦ сака да биде против Колби Ковингтон наесен.

Во едно од последните интервјуа, Сент Пјер го рече следново за Усман:

„Мислам дека Камару Усман во моментов е број 1 во светот. Во однос на перформансите, мислам дека е меѓу најдобрите во моментов и активно се бори.

Брендон Морено беше доста импресивен. Неговиот учинок против Фигередо беше неверојатен. Израел Адесања, Френсис Нгану, Сирил Гане и Александар Волкановски се борците што ги гледам и се забавувам“.

https://www.youtube.com/watch?v=aTcKGYEpPNE&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО