Сениорската кендо репрезентација имаше заеднички подготовки со српкиот национален тим

Сениорската кендо репрезентација викендов на подготовки со српкиот национален тим во Параќин, Србија.

Нашата репрезентација отиде на подготовките по покана на Иван Јовановиќ, претседател на КСС.

Тренинзите ги водеше Бранко Борота, тренер на националниот тим на Србија,

„Целта беше подобрување на техниките и физичката подоготвеност на борците преку различни сценарија за време на борба. За нас многу важно, бидејки Србија има високо квалитетно кендо, па така нашите борци имаа можност да искусат нови работи. Меѓусебната соработка е одлична и во иднина планираме овој тип на подготовки секоја година да бидат внесени во календарот. Исто така, развиваме повеќегодишен план за развој на кендото во повеќе градови, да се отворат нови клубови што ќе можат да донесат нови членови од најмлада возраст“, велат од нашата репрезентација.

Следни турнири на нашиот тим се Куп на Романија во април, Балканско првенство во Истанбул, Турција во мај и Светското првенство во јули во Милано, Италија.

Светското првенство се одржува еднаш на 3 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО