Мајк Тајсон жестоко тренира за мечот против Џејк Пол: Се уште сакаш да си играш со мене? (ВИДЕО)

Легендарниот Мајк Тајсон сериозно го сфати својот боксерски меч против поранешната ѕвезда на Дизни, Џејк Пол.

Ајрон Мајк и познатиот Јутјубер ќе се борат на 20 јули на стадионот AT&T во Арлингтон, на настан кој ќе го пренесува Нетфликс.

Многумина не го одобруваат овој меч. И додека едни ја спомнуваат големата разлика во годините, други веруваат дека Мајк сè уште има сила со еден удар да го испрати Џејк да спие.

Но, без разлика што 57-годишната боксерска легенда е 30 години постар од Пол, се чини дека и понатаму е во завидна физичка форма.

Неодамна објави видео во кое ја демонстрира својата брзина и моќ на удари, а тоа продолжи да го прави и во текот на викендот.

„Дали се уште сакаш да си играш со мене“? рече Мајк Тајсон и го предизвика Џејк Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО