„Непобедлив сум во улични борби, се борев 300 пати и секогаш излегував како победник“

Шампионот на ОНЕ промоцијата во три тежински категории, Анатоли Малихин (14-0) ги сподели причините за својот успех во ММА. Во март, на турнирот ОНЕ 166 во Катар, Малихин со технички нокаут го победи Холанѓанецот Рение де Ридер (16-2) и стана шампион на промоцијата во средна категорија (до 93 килограми). Претходно, Русинот освои појаси во полутешка категорија (до 103 килограми) и тешка (до 120 килограми).

„Сладкиј“ е непоразен, а секоја од 14-те борби ги заврши, 71 отсто од борбите ги заврши со нокаут, а другите 29 отсто ги заврши со принудување на противникот да се предаде, а во еден разговор се пофали дека има и совршен резултат надвор од кафезот.

„Јас сум најдобриот меѓу најдобрите тешкаши! Што ме издвојува од другите? Мојот тим, сопругата, семејството и тренерот. Исто така, имам свој слободен стил. Бев руски репрезентативец и сите знаеме колку е силна руската боречка школа. Имам и 300-0 во улични борби. Се борам уште од мал“, изјави Малихин за Јутјуб каналот на Морнинг комбат.

Неодамна, главниот човек на ОНЕ шампионатот, Чатри Ситиодтонг го пофали со сите ѕвона и изјави дека Малихин е способен да го нокаутира Френсис Нгану.

„Воопшто нема сомнеж дека Анатоли е најдобриот тешкаш во светот, точка! Тој ја објасни својата изјава и објасни зошто е толку цврст:

„Анатоли ги доби сите борби со прекин. Ја има моќта на нокаут да ги заврши борбите со еден удар и поседува елитно борење“, заклучи тогаш главниот човек на ОНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО