Сениорите на Иппон супериорни на Државното првенство во џудо, а пионерите со завиден успех

На Државните првенства за сениори и пионери што  изминатиов викенд се одржа во Прлеп Џудо клубот Иппон од Скопје освои 10 медали во сениорска конкуренција – 6 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Пионерите на Иппон се закитија со 4 медали – 1 сребрен и 3 бронзени.

Медалите кај сениорите ги освоија:

1.Арбреша Реџепи, 1-во место во категорија до -52кг.

2.Берна Шерифовска, 1-во место во категорија до -57кг.

3.Елена Попоска, 2-ро место во категорија до -63кг.

4.Амра Фејзула, 1-во место во категорија до -70кг.

5.Румејса Фејзула, 2-ро место во категорија до – 70кг.

6.Сухејб Хајрула, 3-то место во категорија до -60кг.

7.Резарт Хусени, 1-во место во категорија до -66кг.

8.Ердит Османи, 3-то место во категорија до -66кг.

9.Еди Шерифовски, 1-во место во категорија до -81кг.

10.Ердин Кадриу, 5-то место во категорија до -81кг.

11.Артан Рушити, 1-во место во категорија до -90кг.

Пионери ги постигнаа следните резултати:

1.Блерим Салиу, 3-то место во категорија до -38кг.

2.Ерди Зекири, 3-то место во категорија до – 42кг.

3.Енер Зекири, 5-то место во категорија до – 42кг.

4.Фисник Фејзулау, 2-ро место во категорија до -55кг.

5.Анди Ахмети, 3-то место во категорија до -55кг.

6.Мелик Кадриу, 5-то место категорија до – 73кг.

„Нашите спортисти покажаа одлично џудо и заслужно се закитија со медалите од овие Државни првенства.

Сениорите доминираа и беа без конкуренција најдобри од своите врсници од сите џудо клубови во нашата држава, тоа покажува дека континуираниот тренажен процес дава резултати. Од нив очекуваме завидни резултати и на меѓународн план.

Нашите пионери се нова генерација кој ветува многу, тие против своите врсници со повеќе стаж одлично се бореа, се закитија со медали, за тоа им честитаме.

Исто така сакаме да нагласиме дека нашиот тим не беше во комплетен состав, поради болест и поради обврски кои неможе да бидат одложени четирмина наши сениори не зедоа учество на ова Државното првенство.

Раководството на нашиот клуб како и стручниот тим се задоволни од постигнатите резултати, воедно им ги честитаме постигнатите резултати“, велат од Иппон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО