Сениор гранд мастер Ким Унг Чол ќе одржи таеквондо семинар во Охрид

Kim ung col

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, на 11 и 12 февруари организира семинар со професорот сениор гран мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден.

Hva rang so Kim Ung col

Воедно, Ким Унг Чол е и претседател на Комисијата за организирањето на турнири во рамките на Светската теквондо федерација.
Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторни ќе биде гостин во Охрид“, истакнуваат од Хва ранг ИТФ.
Фактички, со семинарот ТКД Хва ранг ИТФ ги започнува активностите во 2017 година.
Тренинзите од семинарот ќе се одржат во спорската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО