Семинарот за реално аикидо „Пелистер 2022“ помина во одлично издание (ФОТО)

Викендив во Битола се одржа традиционалниот меѓународен семинар за реално аикидо „Пелистер 2022“. Семинарот се одржа во Будо центарот Пелситер.

На семинарот има учесници од Србија, Грција и Македонија, а дел од нив се редовни гости, а ќе има и нови учесници.

Организаторот на семинарот, првиот човек на Пелистер и Федерацијата за реално аикидо на Македонија, Ѓуро Илиќ, изразува задолоство од интересеот за семинарот и од сработеното. Илиќ вели дека има перспектива поради големиот интерес на младите и тоа како што е планирано, повеќеденвен семинар на отворено.

„По пандемијата ова е втор семинар, за жал, еднодневен, поради новите бројки на ковид-19, а се надеам дека од година ќе се вратиме на старите навики, семинарите да бидат седумдневни или десет дена. Бидејќи временските прилики не беа добри, наместо на Пелистер, семинарот е во салата на Будо центарот во Битола. Имаше околу 100 посетители, а се работеше базична техника, затоа што имаме млада популација. Се разбира се работеше напредна техника за високите појаси“, изјави Илиќ.

На семинарот имаше сериозни предавачи со големо познавање. Ана Врачаревиќ со нејзини колеги од Србија одржа квалитетни предавања за сите возрасти.

„Повод за посетата во Битола е едно собирање на вљубеници од овој спорт, дружење и работа, пред стартот на сезоната која сите не очекува, да тргнеме во нови победи и после оваа пандемија сега да се собериме во поголем број и конечно да работиме. Со тоа што денес има и деца и возрасни ќе ги прилагодиме техниките за сите категории и ќе биде интересни како и секој пат кога има вакво друштво. Ќе има мајстори кои ќе го пренесат своето знаење, а тука е Зоран Стојановиќ од Лесковац како поддршка, но и други квалитетни мајстори од Македонија. Секој ќе има простор да го покажи своето знаење“, истакна Врачаревиќ.

Врачаревиќ на Илиќ му подари брендиран црн појас со неговите име и презиме што е уште едно големо признание за битолскиот мајстор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО