Дана Вајт сака трилогија Едвардс – Усман на Вембли

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, изјави дека сака да организира трета борба меѓу Камару Усман и Леон Едвардс. Според првиот човек на организацијата, тој би сакал да го одржат третиот меч во Лондон на стадионот Вембли.

„Да, сакам да го приредам на Вембли“, рече шефот на УФЦ на прес-конференцијата по турнирот.

Минатиот викенд 35-годишниот Камару Усман и 31-годишниот Леон Едвардс се сретнаа на главниот настан на турнирот УФЦ 278. Тоа беше реванш средба за појасот, а Едвардс победи со нокаут во петтата рунда.

Усман го претрпе вториот пораз во кариерата и прв по девет години. Во нивната претходна борба на УФЦ 268, Усман го победи Колби Ковингтон со едногласна одлука, а Едвардс на ист начин го победи Нејт Дијаз пред повеќе од една година.

Усман и Едвардс имаат по една победа меѓу себе. Трилогијата е неизбежна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО