Вчера во Скопје се одржа семинар за обука на тренери во организација на Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија (КБМФМ), а предавач беше Дарко Андреевски, лиценциран тренер по електро-мускулни стимуланси- ЕМС од МАKСИФИТ.
Тренерите се обучувани како да ги користат оделата за ЕМС, однсоно како тренерите и натпреварувачите да ги употребуваат, како и нивно применување во тренажниот процес за подигнување на физичката подготвеност: силата, издражливоста и брзината.
Но и во периоди кога кај натпреварувачите се присутни настанати повреди користејќи ги оделата за ЕМС. При изведувањата на тренинзите натпреварувачите не треба да го прекинат тренажниот процес, паузирајки додека да им поимнат повредите.
Се истакнува дека при изведбата на програмските тренинзи на кик бокс техниките под електро-мускулните стимуланси повредите побрзо закрепнуваат и не отстапуваат од подготвеноста за време на истите.