Мејведер- Насукава – Ризин Конфешнс (ВИДЕО)

Ризин објави емисија посветена на мечот Флојд Мејведер – Теншин Насукава.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња на Новата година во Саитама супер арена ќе боксира егзебициски меч со јапонската кик бокс ѕвезда Теншин Насукава.

Насукава за борбата спарингуваше со поранешниот светски шампион Хорхе Линарес во Лас Вегас. Иако се работи за егзебицсики меч, 20-годишниот Јапонец се подготвува како да станува збор за вистинска борба.

„Мислам дека нема да можам да го елиминирам стравот до самата борба. Ама, морам да бидам храбар и да се соочам со предизвикот пред мене“, рече Насукава.

Ризин 14:
Флојд Мејведер – Теншин Насукава
Кјози Хоригучи – Дарион Колвел
Канна Асакура – Ајка Хамасаки
Брендон Хелси – Јиржи Прохаска
Габи Гарсија – Барбара Непомуцено
Дарон Круикшанк – Дамиен Браун
Мика Нагано – Мију Јамамото
Касуки Мијата – Ерсон Јамамото
Џони Дејв – Јусуке Јачи
Јуки Мотоја – Џастин Скогинс
Манел Кепе – Улас Сасаки
Синџу Нозава-Ауклер – Јастина Зофија Хаба
Тофик Мусаев – Нобумитцу Осава
Саманта Жан-Франсоа – Рена Кубота

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО