Саенчаи го освои Тај фајт турнирот (ВИДЕО)

Мај тај легендата Саенчаи е победник на Тај фајт турнирот во категоријата до 67 килограми.

На последниот настан за Тајландски борби оваа година одржан во Након Рачасими, 38-годишниот Тајландец го победи Иранецот Џамал Мадани со едногласна одлука на судиите.

Саенчаи ја забележа 44-тата последователна победа.

Во полуфиналето во ноември со нокаут во првата рунда го совлада Сифа Ел Ислам Џебајлија.

https://www.youtube.com/watch?v=H3MQWExzpYU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО