Семејството на Али ги почна кавгите за богатството од 80 милиони долари

Muhamed Ali so race pozadi

Нема ниту недела од смртта на Мухамед Али, а кавгите за неговото наследство веќе почнаа. Мухамед Јуниор, единствениот биолошки син на легендата, се закачи со четвртата сопруга на татко му – Лони, и ја обвини дека сака сама да располага со богатството од 80 милиони долари, кое треба наследниците да го поделат.

Братот на Али – Рахман, исто така се приклучи во нападите. Двајцата се лути дека живеат во сиромаштија поради хировите на спортскиот гигант.

Мухамед Јуниор се жали дека е заглавен во пропаднато гето во Чикаго и преживува од помош. Очекувањата се дека и седумте ќерки и посвоениот син на легендата исто така ќе се вмешаат во спорот за имотот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО