Ленокс Луис и Вил Смит ќе го носат ковчегот на Мухамед Али

Muhamed ali portret 3 pesnici

Ленокс Луис и Вил Смит, поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија и холивудскиот актер, ќе го носат ковчетот на Мухамед Али на погребот в петок, покрај другите познати личности.

Мухамед Али почина во петокот спема саботата по компликациите предизвикани од Паркинсоновата болест, од која боледува три децении.

Смит беше номиниран за Оскар и Златен глобус за главната улога во филмот за животот на Мухамед Али, а Луис му беше голем пријател.

Исто така, ковчегот ќе го носи и Џери Елис, братот на поранешниот светски шампион и спаринг партнерот на Али Џими Елис, но и други роднини и пријатели. Погребот ќе биде в петок, во неговиот роден град Лусвил во Кентаки.

Како што пренесоа светски медиуми, на погребот ќе присуствуваат бројни познати личности, а помеѓу останатите, говор ќе одржи и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, имамот на Калифорнија Заид Шакир, кралот на Јордан Абдула и други.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО