Селекторот Борче Костовски: Со бронзата на Анамарија Георгиевска покажавме дека можеме да се носиме со светската конкуренција!

Еден од најзаслужните за успесите на македонското таеквондо е тренерот на репрезентацијата Борче Костовски кој од вчера е посебно горд бидејќи Анамрија Георгиевска го освои бронзениот медал на Светското првенство за јуниори во Хамамед-Тунис,  кој е прв во историјата на македонското такевондо на светските првенства.

Неговиот првичен впечаток за бронзата на Анамарија е:

„Секако трет во светот е добар успех! Позади нас останаа светски супер сили, како Египет, Аргентина и супермоќниот Иран. Секако ова е успех само по себе. Слава на Господ, оваа победа нека е посветена на нашиот најголем празник Воскресението на Христос“.

Како беше до полуфиналето,односно со што доминираше над противничките?

-До полуфиналето секоја борба си е борба за себе. Можеби првата борба натпреварувачката од Египет беше најжешка и во така жешкиот Тунис. Три рунди бевме изедначени, така и заврши. Победникот го решаваше 4-та рунда која завршува на златен поен, односно кој прв ќе го освои поенот тој ја добива борбата. По речиси нерешена борба во првите две рунди со Аргентинката, во третата се отвори и за кратко време направивме голема разлика, иако претходно имавме два пати поени во главата, но не беа отчукани од електрониката.

И на крај, пред полуфинаелето, ни дојде Иранката. Тоа отприлика му доаѓа како Македонија да игра фудбал со Шпанија. Најопаснит противник го победивме 15-1 и влеговме во полуфиналето, со што осигуравме медал.

Што беше пресудно во борбата со Кореанката за влез во финалето?

-Во полуфиналето работевме со Кореа, а за да разберат оние кои не се упатен во атеквондото, тоа е како Македонија да игра кошарка со САД. Кореа е супер сила и е скоро непобедлива. Изгубивме со разлика од шест поени, но се надеваме дека со Корејката некогаш повторно ќе се сретнеме.

Што значи овој медал за македонското таеквондо кој е прв на светските првенства?

-Што значи овој медал!? Овој медал за македонското таеквондо и за македонскиот спорт е потрврда дека можеме!

Како се чуствуваш како тренер кој освојува медали и во сениорска конкуренција и во јуниорска, а малку се такви тренери во Македонија?

-Се чуствувам како Македонец! Должност ми е да ги афирмирам мојата држава и мојот народ.

Потребни ни се победи во спортските арени, особено во борешките спортови, од турнирски до врвен спорт, за.да создаваме здрава младина со силен потенцијал за прогрес во сите полиња на науката, спортот и останатите области.

Што може да очекуваме од нашите репрезентативци оваа година?

-Можеме да очекувме учества на разни натпревари, а ехото оттаму ќе го слушнете.

Поздрав до сите љубители на овој боречки спорт – таеквондо  и до сите кои не бодреа и подржуваа до сега, Македонскиот олиписки комитет, Агенцијата за малди и спорт и сите поединци. Благодарност на порталот Ипон.мк, затоа што се занимава со боречките спортови.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО