Големата секс-бомба на женскиот бокс – Ебани Бриџис оди по патеката на апстиненција. Или барем во однос на времето кога се подготвува да се бори во рингот. Светската шампионка на ИБФ во бантам категорија во првата одбрана на појасот ќе се соочи со сонародничката Шенон О’Конел. Двете Австралијки би требало да се сретнат наесен, а во оваа прилика Бриџис прокоментира прилично интересна тема.
Имено – дали треба да се има секс или не за време на тренинг кампот. Мислењата се измешани, а некои од најголемите спортски имиња, меѓу кои и Флојд Мејведер, категорично го отфрлаат сексот додека се подготвуваат за натпревар. Оваа позиција ја држи и самата Ебани.
„Сум слушала дека машките спортисти многу зборуваат за тоа. Не знам дали истото правило важи и за жените. Но, да бидам искрена, после диета, тренинзи и долг камп, последното нешто што ми е на ум е мочањето“, провокативно изјави Бриџис.
И додава: „Кога сум на тренинзи, мислам дека не е правилно, бидејќи како прво не гледам причина да имам потреба од тоа. Моето тело е доволно уморно и преморено за да сакам да имам секс. Не верувам дека ми штети, но само се задржува во позадина. Боксот е приоритет и додека тренирам и на камп, не ми е гајле за ништо друго“.