Непоразениот Шакур Стивенсон сака да боксира против Васил Ломаченко

Американскиот боксер, 25-годишниот Шакур Стивенсон е сопственик на шампионските појаси на ВБЦ и ВБО во супер перо категорија.

Непоразениот Стивенсон има 18 победи во професионалната кариера, а во последниот меч во април годинава го совлада Мексиканецот Оскар Валдез.

Наскоро младиот Американец има нова борба. Шакур ќе ги брани титулите на 23 септември против Бразилецот Робсон Консеисао и е голем фаворит на тој меч.

Американскиот борец се надева на големи борби, а неодамна истакна дека со големо задоволство би боксирал против Украинецот Васил Ломаченко (16-2), кој моментално се натпреварува во лесна категорија.

„Би сакал да боксирам против Лома, тој е сериозен противник и многу го почитувам. Би можеле почетокот на следната година да го организираат тој меч“, изјави Шакур Стивенсон и додаде:

„Во моментов не сме во иста категорија, но тој може да се спушти во мојата дивизија. Тоа би бил одличен натпревар. Лесна категорија не е негова дивизија, а супер перо би била идеална за него. Ние сме со иста големина“.

Лома ги имаше последните седум борби во лесна категорија, а во супер перо категорија не се борел од 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО