Сеишин преплавен со покани за меѓународни џудо турнири

Seisin na Struga open 2015

Џудо клубот Сеиши добил три понуди за учество на меѓународни турнири во Црна Гора –Рожаје, каде што ќе се одржи и тренинг камп на 24 и 25 септември, потоа Босна и Хрцеговина-Мостар на 1 и 2 октомври, а во истиот термин и во Грција, Аминдео.

Seisin borba Struga open 2016

Од клубот велат дека настапите ќе зависат финасиската конструкција. Од друга страна, сите структури на клубот се ангажирани околу подготовките на 8-от Меѓународен турнир „Прилеп – град херој-2016“ по повод празникот 11Октомври, кој ќе се одржи на 9 окотмври.  Неколку клубови од Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора го најавиле учеството на турнирот. Организаторот очекува над 100 натпреварувачи од странство.

„Се надеваме на уште подобри спортски резултати на преостанатите државни натпревари за втората полусезона. Хендикеп е што на покана на селекторот на сениорската репрезентација за претстојното Балканско првенство во Црна Гора не може да учествуваат државните прваци од нашиот клуб Владимир Талески -81 кг, кој е во странство и Јове Божиноски (+100 кг) кој има полесна повреда“, велат од Сеишин. Балканското сениорско првенство ќе се одржи во Игало, Црна Гора од 2-4 септември.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО