Сеишин го одбележа Светскиот ден на џудото

Инклузија е темата под која годинава целата светска џудо заедница ќе го одбележи Светскиот ден на џудото. Изборот на овогодинашната тема која ја потенцира важноста на уште една од вредностите на кои се темели џудото е неслучаен, особено по глобалните случувања во 2022 година.

„Џудото е спорт кој повикува на инклузија на сите подеднакво во сите нивоа на џудото, почнувајќи од најмлада до најголема возраст. Џудото е базиран на концептот на недискриминација, и токму поради тоа  светската џудо асоцијација ги повикува сите џудисти, џудо клубови, асоцијациии и федерации да покажат дека сите подеднакво имаат свое место во џудото, а нивните права се вклучени во сите правни акти, не зависно дали се работи за натпреварувачи или се предводници, тренери, судии во џудото. Ставањето на фокусот на инклузијата и обединување на нашето спортско семејство, уште еднаш сакаме да покажаме дека постои пат за фер општество каде разликите се јаки, а не слаби страни“.

Годинава Светскиот ден на џудото кој се слави на 28 октомври по повод роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано Џудо клубот Сеишин-Прилеп ќе го одбележи заедно со Членовите на  Републичкиот Центар за лица со интелектуална  попреченост Порака – Прилеп.

Членови на оваа организација  членуваат и во Сеишин, а најистакнат е Христијан Стојкоски-Кико (лице со Даунов синдром), кој е една успешна приказна на овие две организации дека џудо спортот нема граници и е корисен за сите подеднакво и може да го практицира буквално секој.

Затоа согласно годинешното мото двете организации на пригоден начин и со презентација на дел од џудо техниките  го одбележаа овој празник на џудо спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON