Сеишин држи семинар со специјален гостин, џудо експерт од Франција (ФОТО)

Џудо клубот Сеишин од Прилеп од 21 до 25 април има специјален гостин, џудо експерт од Франција, кој има сопствен проект поддржан од Интернациналната џудо федерација да го обиколува светот со цел да одржи џудо тренинзи во што повеќе градови во државите кои ги посетува.

Светска тура со од, јавање на коњ или автобус, зависно од приликите и собирите. Џудист од 4 години, имам диплома за спортска наука.

„Патував многу и живеев во Јапонија 3 години, чувството на откривање на нови територии никогаш не ме напушти. Решив да почнам повторно, овој пат за светот. Овој проект се состои од џудо и патување како главни теми. Планирам да патувам во сите земји (197). Сакам да појдам во што повеќе доџоa и поделам мои визии и да ви покажам што гледам од моите авантури. Сакам со овој проект да помогнам да се рашири џудото во светот. Исто така сакам да покажам на помладите дека се е возможно со многу работа и добри луѓе за да се поврзат.Сакам за направам врски со џудисти од светот за во иднина да се организира камп, и тоа во еколошки дух. Малку контрадикторно за некој кој сонува да појде во сите земи во светот? Не. Моите вредности за екологијата одат подалеку од само „нов кул метод” на овие претходни години, јас размислувам и организирам да ги истварам моите желби за слобода“, вели за себе Жулиен Брулард од Париз – Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО