Сеишин чекајќи да ги отворат салите со маршеви ја одржуваат кондицијата (ФОТО)

Џудо клубот Сеишин направи еден поинаков тренинг, имајќи предвид 11 месечна пауза во џудо спортот, односно остуството од спортските сали и спортските натпревари, направија еднодневен марш до клутурно-историските споменици и природни убавини во прилепско. 

Од клубот нагласуваат дека конечно измината недела Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство ги одобрило протоколите за џудо тренинзи во спортски сали по строго одредени критериуми и мерки кои треба да се преземаат.

Но, клупските џудо активности се уште не можат да започнат, како што велат поради доста ригорозни протоколи, бидејќи спортските сали кои се во склоп на основните и средните училишта имаат забрана да се издаваат за спортски активности.

„Затоа Сеишин активностите со своите членови ги насочува повторно на отворено. Имено, клубот ги користи поволните временски услови претежно за време на викендите (бидејќи преку недела децата имаат онлајн училишни активности). Изминатите неколку викенди клубот организираше активности преку пешачење на различни релации во околината на град Прилеп, за да може колку-толку да се одржува континуитетот и физичката подготовка на членовите, а истовремено и да се одржува мотивацијата, затоа што поголемиот број со нетрпение очекуваат повторно да ги облечат џудо кимоната и да стапнат на џудо татамите“, велат од клубот и додаваат:

„Се надеваме дека ќе дојде до усогласување на оваа регулатива и ќе се вратиме во спортските сали.

Дотогаш клубот останува активен преку вакви викенд прошетки, маршеви, пешачење и дружење на своите членови а секако на неделно ниво им се издаваат задачи за тренинг во домашни услови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО