Хабиб покажа како изгледал со заушки (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов конечно официјално призна дека имал заушки за време на неговиот камп за мечот против Џастин Гејџи.

Подготовките на „Орелот“ за мечот, кои барем засега се покажаа како последни во УФЦ, останаа мистериозни, а гласините за инфекција на шампионот никогаш не беа побиени или потврдени. Неколку месеци по мечот, Хабиб објасни што се случило, па дури и покажа слика на болеста во која тој беше сериозно отечен.

„Беше 9 септември наутро. Кога се разбудив, веќе имав заушки. Почна да се влошува во авионот, имав висока температура. По некое време стана навистина лошо, ме одведоа во болница и бев на одделот за интензивна нега 5 дена. Ситуацијата беше многу лоша. Во еден момент дури сакавме да го откажеме мечот. Ми дојде премногу – болеста, фрактурите. На крајот, решивме да не се предаваме. Но, кампот беше многу тежок“, коментира Нурмагомедов.

Пред мечот со Гејиџ, Хабиб исто така се здоби со скршеница на стапалото, бидејќи Дана Вајт ја откри повредата по среедбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО