Сехудо се враќа од пензија за да го претепа Волкановски, сега немало таков маж

Американскиот борец Хенри Сехудо, кој има 35 години, е мотивиран од победите на Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски во перолесна категорија и сака да се реактивира за да му покаже на „Александар Велики“ дека е слаб, иако претходно неколку пати УФЦ му кажа не, но тој самиот како да избега од таквата можност.

Ова го најави неговиот менаџер Али Абделазиз.

„Хенри е еден од најголемите борци на сите времиња. Мислам дека сите сакаме да го видиме повторно. Тој ќе се фокусира на борбата, а јас ќе се фокусирам на бизнисот. Верувам дека ќе го видиме повторно во кафезот до крајот на летото“, изјави Абделазис за mmafighting.com.

Волкановски има 11 победи на 11 настапи во УФЦ, шампион е во својата категорија, викендов лесно го совлада Кореецот Чанг Сунг џунг, но Сехудо, кој е познат како „Трипл Си“ и пријател на Хабиб Нурмагомедов, не е импресиониран од „Александар Велики“.

Сехудо, кој освои златен медал во борење на Олимписките игри во Пекинг во 2008, држеше два шампионски појаси во УФЦ, во категориите до 56 и 61 килограм.

„Волкановски нема конкуренција, освен Макс Халовеј. Време е за враќање на кралот. Волкановски, ти ме мотивираше да се вратам. Кога е во прашање борењето, ти не можеш да направиш ништо. Би те соборил долу и би те угушил побрзо отколку што Мекрегор ќе му се врати на алкохолот“, најави Сехудо, кој последната борба ја имаше во мај 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON