Сега и официјално, Ален Бабиќ има нов меч! Се враќа во тешка категорија

Мечот ќе се одржи во О2 арената во Лондон на 31 март.

Еден од најдобрите хрватски боксери Ален Бабиќ (11-1, 10 КО) и официјално има нов меч! „Савиџ“ ќе настапи на 31 март, а противник ќе му биде Британецот Стивен Робинсон (6-2, 4 КО).

Да потсетиме, Бабиќ последен пат се бореше во меч за титулата светски шампион на ВБЦ бриџер во април минатата година кога загуби од Полјакот Лукаш Розански. Тогаш го забележа првиот пораз во кариерата и повеќе не настапи, а сега ќе се врати во тешка категорија против Робинсон.

Британецот со прекар „Драго“ во кариерата одработи осум борби, а исто како и Бабиќ доаѓа од пораз. Тој меч се одржа на 15 јули минатата година кога Френклин Игнатиус го победи на поени. Во своите шест борби 33-годишникот постигна четири нокаути, а двата порази беа по одлука на судиите.

Треба да се истакне дека Робинсон е дури 16 сантиметри повисок од Бабиќ, но „Савиџ“ изјавил дека таквите работи не му претставуваат проблем бидејќи секогаш се бори со боксери поголеми од него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BOXXER (@boxxer)

Мечот ќе се одржи на 31 март во лондонската О2 арена под покровителство на Скај спорт на настанот наречен „Бед блуд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО