Историјата не се заборава – Елвир Куртановиќ го освои првиот златен медал за независна Македонија (ВИДЕО)

Уште еднаш потсетуваме на првиот златен медал кој го освои каратистот Елвир Куртановиќ за независна Макеоднија пред 31 година во Кардиф, Велс, во 1993 година на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21.

Тоа е историски момент за Македонија, бидејќи нашите репрезентативци освоија 3 медали – 1 златен и 2 бронзени. Зоран Пејов во младинска конкуренција (-80 кг, У-21) се закити со бронза, како Ангел Георгиев (-67 кг, јуниор), а Елвир Куратновиќ (-75 кг, У-21) со залтен медал.

По тој повод се интонираше македонската химна во многу сложена политичка атмосфера, како државата Македонија, така и за македонските спортисти.

Како мотив за многу генерации вреди да се погледне видеото.

Селекторот Чедомир Саздовски имаше со што да се гордее, бидејќи неговите каратисти испишаа историја.

Ова е нашата историја. А сите до еден најгласно ја пееја македонската химна.

Тоа се каратистите од Цветан Димов – Куртановиќ, Вардар – Пејов и Партизан (Кочани) Георгиев кои на далечниот пат тргнаа со конзерви и леб и гордо се бореа и донесоа три медали и го вивнаа македонското знаме високо, а се свиреше и македнската химна, и да посака човек поубава реклама на една нова држава да се направи не може.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО